Ова е нашиот нов почеток. Веројатно е различен и посебен од секој друг, бидејќи …


Ова е нашиот нов почеток. Веројатно е различен и посебен од секој друг, бидејќи Пелистер е посебен клуб.

Ви ги претставуваме новите дресови и нашите фудбалери за сезоната 2023/24, во која наша единствена цел е промоција во ПМФЛ. Ви се допаѓаат ли новите гарнитури на нашиот клуб? Наскоро ќе бидат пуштени во продажба и изложени во нашиот нов фан-шоп.

Ги знаете нашите адути за оваа сезона: искусен тренер, проверена школа на фудбалери, адекватни засилувања. Затоа ве повикуваме да ни дадете поддршка на нашиот стадион „Петар Милошевски“, бидејќи заедно можеме до остваруваме на сезонските цели. Сезонските билети се продаваат во Tobacco Brothers и Dimpo Tobacco местата низ градот и побрзајте да си обезбедите место за цела сезона. Приклучете се на веќе големиот број битолчани со сезонски билет за својот миленик.

Клубот наскоро ќе добие брендиран автобус и ќе го претстави пред јавноста. Голем број локални компании се дел од нашата приказна, а интересот за нивно вклучување е уште поголем. Само заедно сме посилни од секој предизвик.

Благодарност за сите кои нè поддржуваат во изградбата на нашиот проект и се гледаме на стадион,

НАПРЕД ПЕЛИСТЕР!








Source

Share