После летната пауза која на сите добро ни дојде, дојде време за вклучување на по…


После летната пауза која на сите добро ни дојде, дојде време за вклучување на погоните.

Почеток на втората фудбалска лига, а со тоа и почеток на уште една Чкембарска сезона која ќе биди полна со предизвици.

Прво коло и прво гостување, компасот покажува кон истокот кон Струмица, на добро познатиот терен за нас, теренот на куп титулата, каде шо на истото место претходната сезона го направивме последното гостување. Овај пат е обратно, прво коло и прво гостување, баш во Струмица.

Повик до сите битолски екипи, одиме во полн состав, организирај ја својата подгрупа и дружина, од Струмица се враќаме со цел плен.

Биди присутен на оваа авантура, кон исток се наближува зелената бура.

Сабота (12.08) 13:00ч на бутки‼️




Source

Share