РК Еурофарм Пелистер 2 од денес е побогат за уште еден голем балкански талент. …


‼️🔥🟢⚪️✍️ РК Еурофарм Пелистер 2 од денес е побогат за уште еден голем балкански талент. 16-годишниот босански интернационалец Алем Хаџиќ е нов член на нашето ракометно семејство. Овој ракометар, кој може да игра на позиициите лев и среден бек, доаѓа во Битола од клубот Коњух, каде веќе се наметна и играше важна улога и во сениорскиот тим. Хаџиќ потпиша четиригодишен договор со нашиот клуб.

Со Коњух, Хаџиќ беше трикратен шампион во првенството за кадетите, а двапати беше МВП на завршните турнири и најдобар стрелец. Ова младо момче веќе пристигна во Битола и по потписот на договорот ќе му се приклучи на новите соиграчи и стручниот штаб, на чело со тренерот Михаил Петровски.

Алем по многу параметри е рекордер во босанскиот ракомет, а во Суперлигата на БиХ дебитираше на само 14 години. Официјалното претставување на Хаџиќ е предвидено на крајот од месец август.




Source

Share