17-1 гол разлика за нашата младинска школа во Купот на Македонија против ФК Воска Спорт – ФК Пелистер Битола


Во текот на вчерашниот ден се одиграа два натпревари од 1/8 финалето од младинскиот куп на Македонија.Нашите млади за противник ја имаа екипата на ФК Воска Спорт.Први на сцена стапија помладите пионери и пионерите кој на гостински терен победија во своите натпревари.

Помладите пионери имаа забележителен настап и ги победија своите врсници со 0-6, а стрелци на головите беа:Осман Хасановиќ со хет трик на овој натпревар и тоа во 20, 57 и 79 минута од напреварот, па потоа следеа авотогол на Бекташи, Христијан Плушковски во 34 минута, и Никола Капсаров во 84 минута за конечни 0-6.

Следни беа Пионерите кој во регуларниот дел одиграа 1-1, но на пенали беа поуспешни со 4-2.Единствениот гол за Пелистер го постигна Давид Ангелевски во 41 минута од натпреварот.

Денеска беа одиграни уште два натпревари на кој на настапија кадетите и младинците на Пелистер.Кадетите на домашен терен на стадионот Павел Шатев ги победија своите врсници од Воска со импресивни 9-0, а меѓу стрелците се запишаа следните фудбалери: Александар Кочишки во 18 минута, Даниел Чавдаровски во 20 минута, па следеа два гола на Сиваков Алек во 40 и 44 минута.Во второто полувреме во листата на стрелци се запишаа и Јован Мрмачовски во 65 и 70 минута, Стефан Бончановски во 70 и и 75 минута и Дарко Димитровски во 86 минута.

Додека пак младинците на домашен терен беа минимални со 1-0, но сепак доволни за следен круг.Стрелец на голот беше Стефан Спировски во 89 минута.

ФК Пелистер им ги честита победите на сите генерации и им посакува многу успех во следниот круг.



Source link

Share