Александар Јовиќ Сакам да се заблагодарам на нашата верна публика, која што нè…


Александар Јовиќ

Сакам да се заблагодарам на нашата верна публика, која што нè бодреше во текот на целиот натпревар, а воедно да им го честитам роденденот на „Чкембари“, која е најдобрата ракометна навивачка група во целиот свет. Се покажавме во одлично светло и тоа против, според мене, најдобриот тим во Европа. Мислам дека париравме во текот на сите шеесет минути, ни се пружи шанса за бод или победа, но не успеавме. Тоа се должи на нашето неискуство. Имавме промашени зицери и технички грешки во финишот и тоа ѕвездиете на Кил го казнија.

Од овој натпревар ќе добиеме поголема самодоверба и пак ќе нагласам дека нашиот пријател ќе биде времето. Ние сме нова екипа и на сите ни треба време за подобро да се запознаеме и да направиме нова прекрасна приказна во Битола“




Source

Share