Баерн Минхен славеше на жешкото гостување во Истанбул, Салцбург го препоти Интер (ВИДЕО)


Победи на фаворитите во првите два меча од денешната програма во ЛШ. Баерн Минхен славеше на секогаш жешкото гостување, за било која екипа, во Истанбул кај Галатасарај со 1:3. Домаќините беа во егал само првите 45 минути, кога беше 1:1.

Баерн поведе со голот на Коман во 8-ма минута, а израмни Мауро Икарди во 34-та минута од пенал и тоа со „паненка“. Но, во вториот дел Хари Кејн 73-та и Мусиала 76-та погодија за 1:3 и победникот беше решен.

Мечот од оваа Група А помеѓу Манчестер Јунајтед и Копенхаген се игра вечерва.

На вториот меч кој се играше во раниот термин од 18:45 Интер славеше против автриски Салцбург со 2:1 во Милано. Потешко од очекувањата минатогодишниот финалист во ЛШ го совлада противникот. Алексис Санчез во 19-та му донесе предност на Интер, а израмнувањето стигна во 57-та преку Глук. Сепак, седум минути подоцна Чалханоглу постигна гол од пенал за 2:1, па и покрај шансите на двете страни, резултатот остана непроменет.

Од оваа група вечева играат Бенфика и Реал Сосиедад.





Source link

Share