ЧКЕМБАРИ НА ГОСТУВАЊЕ ВО ЗАГРЕБ Ниту скоро 1000 километри не не спречија да го…


ЧКЕМБАРИ НА ГОСТУВАЊЕ ВО ЗАГРЕБ

Ниту скоро 1000 километри не не спречија да го бодриме нашиот миленик. Не се проблем километрите кога во прашање е ПЕЛИСТЕР и кога екипата која гостува диши како едно и сатите ги врви во добра дружба. На местото каде загина Тоше Проески положивме цвеќе. Судбината сакала ние да се најдиме на истото тоа место 3 дена после 16 годишнината од кобниот ден.
Кога тоа се прави од љубов и после долг и исцрпувачки пат, ЧКЕМБАРИ 60 минути со константно навивање го бодреа ПЕЛИСТЕР!

Се на се, незаборавната дружба и уште едно гостување надвор од државата ќе бидат спомените кои ќе останат. НО ТУКА НЕ ЗАСТАНВАМЕ!

Недела се игра вечното дерби против Вардар, овај пат на домашен терен, меч кој ги носи одлуките за титула.
НЕМА ИЗЛЕЗ ОД БИТОЛСКИОТ ПЕКОЛ – ОДИМЕ ЈАКО, ДА СЕ ТРЕСИ💪🏻☘️

Рк Загреб 27:18 РК ПЕЛИСТЕР
(Лига на Шампиони)

19.10.2023





Source

Share