Една од нашите главни цели е промоција на нашите „бисери“, вреднување на работат…


Една од нашите главни цели е промоција на нашите „бисери“, вреднување на работата во школата, враќање на сјајот на тоа што некогаш беше најдобра и најпозната продукција на фудбалери во Македонија. Затоа подеднакво се радуваме на секој гол, секој бод, секоја победа, но и на секое деби на наш „производ“.

Андреј Силјановски има само 16 години, а во саботата дебитираше во сениорскиот тим на Пелистер на дуелот во Струмица против Беласица. Одигра дваесет минути и покажа дека поседува вредности да игра со најдобрите фудбалери на Пелистер. Горди сме на неговиот исчекор, на неговиот статус на репрезентативец до 18 години и на неговите рекорди како еден од најмладите фудбалери кои настапиле за нашиот клуб во богатата историја.

Андреј е само еден пример, најновиот пример. Со оглед на растот на нашите генерации фудбалери во школата, клупската стратегија и професионалните тренери, убедени сме дека уште многу млади момци ќе заиграат за сениорскиот тим на Пелистер.





Source

Share