Емотивно ќе биде на Олд Трафорд: Столче со посвета за легендата ќе „зјае“ празен во ноќта – SPORTCLUB.mk


За Манчестер Јунајтед вечерва натпреварот против Копенхаген на Олд Трафорд, е да се биде или не.

Со оглед на тоа дека Јунајтед нема бодови по две кола, по поразите од Баерн и Галатасарај, сега се соочени со борба за опстанок во групната фаза од ЛШ, а за таа намена, вечерва ќе мора да го совладаат незгодниот Копенхаген.

Исто така, многу работи ќе им зависат и од другите натпревари во групата, но првенствено „црвените ѓаволи“ мора да победат вечерва.

Пред натпреварот, клубот уште еднаш го испочитува Сер Боби Чарлтон, кој повеќе не е меѓу живите, па му посвети столче со бројче и буќет цвеќе. Тој иако веќе не е меѓу публиката, клубот ќе направи се за неговото име да не биде заборавено во историјата на овој трофеен клуб.





Source link

Share