Фокусирајќи се на првата екипа и пласманот во прва лига, некои сеуште работат ш…


⚠️ Фокусирајќи се на првата екипа и пласманот во прва лига, некои сеуште работат шо истиот начин во школата, односно народски кажано ‘Село гори, баба се чешла’.

Имено, школата на Фк Пелистер продолжува да биди се, освен што поквалитетна во најмалите категории. Таму во последните година дена се ангажираат тренери во четири очи, без претходен оглас, без одбирање на најдобрите, без одбирање според досега прикажани резултати. Таму, сеуште се бираат по нечии желби и наредби, први тренери, но и ново измислени, некакви помошници. ДА, треба да има и уште повеќе, но се тоа да биде на еден транспарентен и чесен начин направено, а не тоа да бидат догововарања на кафе, на стадион, по телефон, без притоа никакви јавни огласи и транспарентност. Периодот пред нас, ќе ве запознаеме со секој тренер поединечно, негови досегашни анганжмани, успеси, а од управата ќе побараме одговори за секој поединечно, зошто одлуката и довербата паднала токму на тие тренери.

🧐 Исто така, до нас постојано стигаат информации за односот на некои тренери во школата кон децата, односно како другии им даваат само фудбалче на два гола.




Source

Share