ФОТОГАЛЕРИЈА – 38 ГОДИНИ ЧКЕМБАРИ | РК. Е. ПЕЛИСТЕР 20-23 Рк. Кил (27.09.2023) …


ФОТОГАЛЕРИЈА – 38 ГОДИНИ ЧКЕМБАРИ☘
| РК. Е. ПЕЛИСТЕР 20-23 Рк. Кил (27.09.2023)

После пиро-шоуто на “Магнолија” следуваше кортео по широк сокак.
Тука беше промовиран и новиот транспарент “ПЕЛИСТЕРЦИ”.
Многу бајраци, мотки, знамиња, бакли и стотици ЧКЕМБАРИ ја обоија во зелено најпознатата улица во Македонија.
Иако клубот претходно имаше разочарувачки изданија, битолчани одново ја наполнија салата и уште на половина час пред утакмицата имаше атмосфера и еуфорија специфична и традиционална за Битола, а ракометарите на ПЕЛИСТЕР конечно возвратија со борбеност и добра игра.
ЧКЕМБАРИ во специјално издание оваа утакмица, со покривно знаме “38 years”, парола на ограда “STILL GOING STRONG” и “ПТИЦО МОЈА” испеана во еден глас од цела сала, започна натпреварот во Лига на Шампиони.
За навивањето и изданието на ЧКЕМБАРИ нема што да зборуваме ние, веќе сите медиуми, играчи (странски и домашни) ги кажаја своите импресии.
После натпреварот, задоволни од нашето и изданието на нашите ракометари, заедно со браќата Лозари ја продолживме забавата 🍻☘🍇.
ЧКЕМБАРИ, НЕКА НИ Е СРЕЌЕН РОДЕНДЕНОТ!
Секоја генерација од минатото до сега можи да биди горда на своето време.
ЧКЕМБАРИ БИЛЕ И СЕУШТЕ СЕ НА ВРВОТ!
Продолжуваме утре – СИТЕ ВО НЕГОТИНО 11:30ч. НА БУТКИ!








Source

Share