Фудбалската школа на Пелистер со фантастични 3 финалиња во купот на Македонија! – ФК Пелистер Битола


 

Нашата прва мисија е остварена. Прочуената школа на ФК Пелистер повторно е значаен фактор во македонскиот фудбал. Главната цел по доаѓањето на новата управа и претседателот Митко Стојковски, да му се даде целосна вредност на клупската школа, секојдневно се остварува.

Во изминатите неколку денови се одиграа полу-финалињата од младинскиот куп на Македонија.Фантастичните момци на Пелистер издвојуваа фантастични 3 финалиња во три различни генерации, а тоа го сторија помладите пионери кој први се пласираа во финалето победувајќи ја прилепска Победа со неверојатни 9-0, а стрелци на головите беа: Осман Хасановиќ ( 4 голови ), Давид Ангелевски, Јован Мрмачовски, Алек Сиваков и Лука Илијовски (2 голови).

Втора генерација која обезбеди куп финале се младинците на Пелистер кој после долги години повторно ќе играат во финалето на купот на Македонија.Тие на домашен терен ја добија струмичка Беласица со 3-0, а првотимецот Андреј Сиљаноски беше автор на 2 голови, и Андреј Ристевски го запечати резултатот во 91 минута.

Додека пак денеска на стадионот Павел Шатев во Битола трето финале обезбедија пионерите на Пелистер кој играа против скопски Работнички, и тука победија со конечни 2-0, а стрелци на головите беа: Лука Лисолајски и Даниел Чавдаровски.

Клубот ги охрабрува сите категории млади фудбалери да продолжат напорно да работат и да редат успешни резултати и во шампионатите на Македонија.

Клупската школа секогаш ќе биде прв приоритет на нашиот клуб.



Source link

Share