ИЗЈАВА, Филип Ивановски


Важна изјава од Филип Ивановски

“Утре започнува првиот натпревар од сезоната 2023/24 на домашен терен. КК Пелистер ги поканува сите љубители на кошарката да присуствуваат и да дадат поддршка на нашиот тим во борбата за првата победа во сезоната.

Картите за натреварот ќе бидат достапни на влезот од салата по цена од 100 денари.

Бесплатен влез ќе добијат најмладите, односно сите членови на кошаркарските школи во Битола, кои што ќе можат да ги следат сите натправи од тековната сезона целосно бесплатно.

Исто така, управата на КК Пелистер ги поканува сите спортски колективи од Битола кои го носат името Пелистер да присутвуваат на нашите домашни натпевари оваа сезона и за истите влезот ќе биде бесплатен.

Со здружени сили до уште една успешна сезона и освоена титула !!
Одиме на победа ”
🏀🏆

ИЗЈАВА, Филип Ивановски



Source

Share