КАПКА ПО КАПКА, ТАКА ЈА ГАСАТ ЖЕДТА ЖИТЕЛИТЕ ОД ГАБАЛАВЦИ – ТЕРА

Array


Капка по капка, за да наполнат вода за пиење. Вака во 21 век секој ден по најмалку два часа жителите од с.Габалавци полнат вода во шишиња од селската чешма за да имаат за пиење. Со количка полна со празни шишиња тргнуваат од својот дом, одат до чешмата и ако случајно се сретнат двајца жители од селото, додека полни вода едниот , другиот мора да чека најмалку два часа за да наполни вода.

Велат неможат ни чинии да измијат, а и машините за перење им се затнувале. Водата од Градскиот водовод е донесена до резервоарот, треба само да се пушти од пумпите, велат жителите од с.Габалавци.

Повеќе пати барале од надлежните да им се пушти водата. Собрале потписи од сите 45 домаќинства, колку што ги има во селото и сите сакале да се преиклучат на градскиот водовод.

Владе Мицевски е исленеик во Автсралија кој што често доаѓа во своето родно место. Вели поради тоа што немаат водата  младите се иселуваат.

Велат од сите три води кои ги имаат во селото ниту една не е исправна за пиење.

Активностите на ЈКП Водовод Битола во село Габалавци сеуште се во тек и за краток временски период ке бидат завршени, велат од ЈП Водовод од Битола. Додаваат дека за скоро време ќе следува и втора средба со претставници од Месната заедница  и ЈКП Водовод Битола. Исто така од ЈКП Водовод Битола ја користат приликата и апелират до жителите на село Габалабци кои немаат поставено водомери, истите да ги постават додека траат завршните активности, со цел побрзо да добијат чиста вода за пиење од системот на ЈКП Водовод Битола.ЈКП Водовод Битола е јавно комуналнно претпријатие кое работи по изготвен план и програма за работа за 2023 година, велат од ЈП Водовод.



Source link

Share