Кога сите се против нас, тогаш ние сме најсилни. Многу пати покажавме дека инато…


Кога сите се против нас, тогаш ние сме најсилни. Многу пати покажавме дека инатот, нашиот, кавадаречкиот и љубовта кон клубот можат да направат чуда за кои никогаш не сме ни сонувале. Ако до пред две години мисијата ни беше да го видиме Тиквеш назад во прва лига, денес сонот е европската авантура од која не делат само уште три куп натпревари. Првиот е веќе во среда против Академија Пандев – Брера на градски во Кавадарци. Да се собериме во голем број и да го продолжиме европскиот сон на кавадаречкиот спорт. Собир на сите Лозари за европско спортско Кавадарци во 11:30 во паркот на револуцијата.

Напред Тиквеш!




Source

Share