Кристијан Тасески се најде повторно на удар на селекторот Драган Канатларовски,…


🇲🇰 Кристијан Тасески се најде повторно на удар на селекторот Драган Канатларовски, а во јавноста е пласирана вест како наводно Тасески е одстранет од репрезентацијата на Македонија поради недисциплинско однесување.

🗣 Кристијан Тасески:

🚨 ,,Сакам да ги демантирам сите лажни вести и натписи за тоа дека од Репрезентација сум одстранет поради недисциплинско однесување.”

🔥 ,,Вистината за сите оние кои го оцрнуваат моето име и мојот труд, како и желба секогаш да бидам на располагање за Македонија е дека поради омаложување и непочитување према мене, решив сам да го напуштам репрезентативниот собир и во одреден период да не се одзвивам на репрезентативните повици, се додека некои работи не се променат.”

,,Никогаш нема да дозволам никој да го потцени мојот труд и тоа колку вредам, како и да ме спречува во остварување на моите соништа.”

● Токму од гласноговорниците на Канатларовски беше пласирана веста дека наводно Тасески е одстранет поради недисциплинско однесување, бегајќи од превземање на вина за своето однесување и немањето на резултат со репрезентацијата на Македонија до 21 година. Ова е втор ваков случај на релација Канатларовски – Тасески, од засега на интерес на јавноста непознати причини.

😅 Да биди мизеријата уште поголема, местото на Тасески го завзема играч кој 6-7 месеци нема никаква минутажа и е тотално надвор од натпреварувачка форма и тоа во македонското првенство. Тиквеш повикот за репрезентацијата на својот фудбалер го објави верувале или не два дена порано (09.09), пред Кристијан да биде ‘наводно’ одстранет од репрезентацијата на Македонија.

🧭Канатларовски скрос го загубил својот компас и долгогодишниот неуспех и шлепање на стара слава, додатно го прави нервозен, а штета има само Македонија.




Source

Share