Милан Сотировски – познат како МИЛЕНЦЕ повеќе не е дел од Еурофарм Пелистер ! …


🚨 Милан Сотировски – познат како МИЛЕНЦЕ повеќе не е дел од Еурофарм Пелистер !

🙌 Миленце беше симболот на Еурофарм Пелистер, икона на клубот и многу почитуван и ценет кај скоро сите во клубот, освен кај оние неколку кој буквално, го понижиле. Заедно се радуваше и тагуваше, ракометарите често го креваа на раце, а пред се тој е голем работник и чесен човек, но очигледно и покрај се, на некој му сметаше, па сега клубот остана без економ, односно без својата икона.

● Имено, Миленце постојано бил навредуван и омаловажуван од спортскиот директор на Еурофарм Пелистер 2, трпел огромни притисоци, а пред да го напушти клубот, за нешто што бил целосно во право, бил навреден и еден од тренерите на Еурофарм Пелистер 2. По што, човекот кој целата клубска опрема ја переше и средуваше ДОМА на сопствен трошок и стално гледаше се да биде под конец, ги предал клучевите и си заминал од клубот. Наводно, останал пократок и за последната плата, за нешто што го сработил.

🙌 Во оваа прилика ќе му се заблагодариме на МИЛЕНЦЕ за секоја секунда помината во клубот и ќе му посакаме многу здравје, со надеж дека сега во КК Пелистер ќе биде далеку повеќе почитуван и ценет, пред се од одговорните структури во клубот.

☘️ МИЛЕНЦЕ Е ЕДЕН ОД НАС !




Source

Share