Младите пелистерци за жал не успеаа во купот на Македонија! – ФК Пелистер Битола


 

Во текот на оваа недела се одиграа куп финалињата во младинските категории, каде нашиот Пелистер зеде учество во 3 од вкупно 4 финалиња.Во финале беа помладите пионери, пионерите и младинците, но за жал никој од нив не успеа да го донесе пехарот во Битола.

Први играа помладите пионери против екипата на АП Брера Струмица, но за жал имаа лош ден битолчани и натпреварот го загубија со високи 3-0.

 

 

Во вториот натпревар пионерите играа исто така против екипата на АП Брера Струмица и во раното отворање на натпреварот Чавдаровски со прекрасен ЕВРОГОЛ го доведе Пелистер во водство кое траеше скоро до крајот на натпреварот.Иако натпреварот имаше 7 минути надополнување, сепак судијата дозволи да се игра уште 2-3 минути, кој беа пресудни за Пелистер.Брера во 99 минута со среќен гол стигна до пеналите каде што беше поуспешна со 3-1.За жал нашите пионери немаа среќа во пенал рулетот и Брера е шампион во оваа генерација.

 

 

Во третото финале кое денеска се одигра на градскиот стадион во Кичево, нашите младинци играа против екипата на Македонија ЃП, каде овој натпревар заврши со конечни 2-0.Првото полувреме целосно им припадна на битолчани, тие имаа скоро 4-5 стопостотни шанси, но за жал без успех.Второто полувреме како да паднаа во енергија и противничката екипа тоа го казни.

Без разлика на резултатите Пелистер и Битола се гордеаат со овие деца, затоа што тие се иднината на Пелистер!

 



Source link

Share