ОФИЦИЈАЛНО: Мирче Калајџиески е нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2 ! Кадетс…


💣☘✍ ОФИЦИЈАЛНО: Мирче Калајџиески е нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2 !

🇲🇰 Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Мирче Калајџиески, е најновото засилување во тимот на Еурофарм Пелистер 2.

🧐 Перспективниот ракометар, кој игра на позиција среден бек, редовите на вториот тим на македонскиот шампион ги засили од словенечкиот прволигаш Херц Шмартно каде што играше минатата сезона. Стружанецот беше дел и од суперлигаш Слован и со своето стекнато интернационално искуство се очекува да биде големо освежување во ростерот на Михаил Петровски.

👏 Калајџиески одигра одлично кадетско Светско Првенство, каде Македонија заврши како 9та сила во светот.

☘ Среќно Мирче и многу заеднички успеси !




Source

Share