Пелистер најави промоција во ПМФЛ! – ФК Пелистер Битола


Денеска во просториите на клубот беше оддржана прес-конференција за сите медиуми, на која беше кажано кои се целите на клубот, како екипата е подготвена итн.

На денешната прес-конференција присуствуваа капитенот Благоја Љамчевски, спортскиот директор Ванчо Мицевски и помошниот тренер Вангел Алтипармаковски.Секој даде свое мислење, за тоа како работите се движат моментално во клубот.

Капитенот Љамчевски изјави дека во втората полусезона екипата ќе даде све од себе за да дојдат до посакуваната цел, и ќе гледаат да ја продолжат серијата победи од последните 4 натпревари на кој што Пелистер издвојуваше победи.Екипата се стреми да биде на една од првите две позиции кои што водат во ПМФЛ.

Спортскиот директор изјави дека очекува повеќе поддршка од локалните фирми и компании, со што би имале потенцијални нови спонзорства кои дополнително ќе придонесат за доброто и иднината на клубот бидејќи во моментот имаме поддршка само од Општина Битола и ЕВРОТИП. 

Исто така им се заблагодари на сите љубители и поддржувачи на нашиот клуб, и апелираше да продолжат да го бодрат ФК Пелистер и да доаѓаат во што поголем број. Цените на картите се со мошне симболична цена, а секако нашиот клуб е спремен да му излезе во пресрет на секој поддржувач и навивач што не може да си дозволи карта за влез на натпреварите. 

Мицевски исто така ги пофали нашите млади таленти, и им порача повеќе да се огледуваат на поискусните наши фудбалери со што би имале повеќе самодоверба и мотивација и ќе можат да напредуваат во своите кариери.

Додека пак помошниот тренер Алтипармаковски во кратки црти изјави дека екипата е спремна за новите предизвици во втората полусезона, дека се работи напорно и секојдневно, и дека имаме се што треба за да победуваме и да атакуваме за влез во првата лига



Source link

Share