Пелистер претстави три летни засилувања! – ФК Пелистер Битола


ФК Пелистер официјално се засили со тројца нови фудбалери кои ќе помогнат во остварување на зацртаната цел на клубот во престојната сезона.

Виктор Серафимовски, досегашен фудбалер на ФК Силекс, осетно ќе го засили средниот ред на тимот. Станува збор за фудбалер кој зад себе има огромно прволигашко искуство во повеќе македонски клубови.

Филип Тодороски кој важи за еден од најталентираните млади и респектабилни офанзивни играчи за врска во Македонија, и играч кој може да настапува и на крилните позиции. Тодороски ни доаѓа од редовите на Воска Спорт, а со младинската екипа на Победа настапуваше и во младинската Лига на шампиони.

Дамјан Масевски е млад фудбалер кој ни доаѓа од редовите на ФК Охрид и настапува на напаѓачката позиција. Се работи за талентиран шпиц играч со голем простор за напредок.

Тројцата в понеделник на прозивката на екипата на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола официјално ќе бидат претставени и првпат ќе тренираат со новите соиграчи.

Добредојдовте во ФК Пелистер. Ви посакуваме среќна и успешна сезона!



Source link

Share