Пелистер се враќа само со бод од Речица – ФК Пелистер Битола


Екипата на ФК Пелистер денеска го одигра својот деветти натпревар од ВМФЛ, каде се сретна со екипата на ФК Арсими.Натпреварот се одигра на теренот во с.Голема Речица кој што беше во катастрофална состојба и не дозволи многу игра за очи.

Поголемиот дел од натпреварот се играше на средината, немаше многу сериозни шанси на двете страни.Пелистерци тргнаа претпазливо, но фаворизирани на овој натпревар, и тоа донесе дополнителен притисок покрај катастрофалниот терен.

Првата посериозна шанса кој што нашите фудбалери ја имаа во првото полувреме ја претворија во погодок во 42 минута, кој што го постигна искусниот Христов за 0-1 на кој овој погодок му беше 5-ти во досегашниот тек од првенството.

Второто полувреме започна исто така претпазливо, нашите фудбалерии притискаа кон голот на Арсими, но за жал без успех.Противникот играше на контри скоро цел натпревар и во една ситуација ја искористи грешката на нашата одбрана и го доведе резултатот до 1-1 кој на крај е и конечен резултат.

Пелистер сега се наоѓа на третото место со 18 бодови.

Следен натпревар кој нашите фудбалери го играат е натпреварот од 1/8 финалето од Купот на Македонија против екипата на ФК Тиквеш на домашен терен, во среда на 25.10.23 во 14:00 Ч.



Source link

Share