Пелистер се враќа со 3 бодови од Тетово – ФК Пелистер Битола


Фудбалерите на Пелистер денеска го одиграа натпреварот од 12. коло во ВМФЛ.Битолчани му гостуваа на тетовски Тетекс од каде што се враќаат со целиот плен во Битола.

По дождливо и облачно време денеска на стадионот со вештачка трева во Тетово, пелистерци го добија Тетекс со 0-1 со раниот гол на Стефан Костов во 6 минута.

Првото полувреме започна офанзивно за Пелистер, настојуваа рано да дојдат до водство и успеаа во намерата со голот на Костов во 6′.

Играта на Пелистер беше течна, се создаваа и други акции но без успех, за на пауза да заминат со позитива од само еден гол.Второто полувреме беше тешко да се игра, битолчани ја имаа иницијативата скоро цел натпревар, за разлика од противникот кој најчесто се бранеше и чекаше шанса од контра напад.Се редеа шансите на пелистерци но сите беа јалови, за на крајот натпреварот да заврши со конечен резултат од 0-1 за Пелистер.

Следен натпревар кој Пелистер го игра е против Башкими во Битола на 25.11.2023 во 13:00 часот



Source link

Share