Пелистер со целиот плен се враќа од Скопје! – ФК Пелистер Битола


Денес на дневен ред беше 23. коло од ВМФЛ во кое нашиот Пелистер му гостуваше на секогаш незгодниот ФК Скопје.Како и секогаш кога играат овие две екипи, не се постигнуваат многу голови, и секогаш се игра резервирано, но денеска Пелистер се одлучи да ги земе сите 3 бодови од Скопје и успеа во намерата.

Костов се одлучи за најсилниот состав од старт, имаше шанси но сепак пелистерци немаа доволно среќа во одлучувачките моменти и првото полувреме заврши без голови, односно со почетните 0-0.Во второто полувреме Пелистер го притисна противникот и конечно младиот Михаил Талевски да постигне погодок и да го отвори резултатот со 0-1, кој сепак на крај се испостави за конечен и доволен за Пелистер да го земи цел плен од Скопје.

Оваа победа беше и повеќе од потребна со оглед на тоа дека конкурентот Детонит денеска одигра само 1-1 со прилепска Победа и со тоа Пелистер се одлепи на 8 бодови разлика од третото место.

Следен натпревар кој нашиот Пелистер го игра е против екипата на ФК Арсими на стадионот под Тумбе кафе, на 13.06.2024 во 15:00ч.



Source link

Share