Пелистер со победа ја затвори 2023! – ФК Пелистер Битола


Денеска се одигра последното коло од првата полусезона во втората македонска фудбалска лига.

На стадионот Петар Милошевски нашите фудбалери се сретнаа со екипата на Осогово во убав натпревар за око до 3 голови и уште неколку изгледни шанси за двете екипи.Овој натпревар заврши со конечни 2-1 за Пелистер.

Вреди да се напомене дека пред почетокот на натпреварот, клубот им приреди мала церемонија на неколку играчи од клубот, односно им урами дресови со бројката на натпревари кој што ги имаат изиграно за зелено-белиот дрес.Оваа чест ја имаа:Филип Миленковски (250 натпревари), Борче Маневски (150 натпревари) ,Илче Петровски (150 натпревари), Благоја Љамчевски (150 натпревари) и Петар Љамчевски (200 натпревари).

Првото полувреме на натпреварот започна малце во грч за пелистерци, бидејќи противникот рано стигна до водство уште во 11 минута со одличен погодок,но за среќа Пелистер брзо се созеде и почна да ја игра својата игра.Се редеа шанси, не беше досуден чист пенал за Пелистер, противникот се обидуваше да зголеми, но не успеа.

Па во средината на полувремето ,односно се играше 34 минута моментално нашиот најдобар стрелец Христов погоди во мрежата на Осогово за 1-1.Со овој резултат се замина на пауза.

Второто полувреме започна по растеретено, пелистерци го држеа поседот на топката,се напаѓаше константно голот на Осогово, за во 51 минута Пелистер да дојде до комплетен пресврт.Спиркоски беше стрелец на вториот погодок.

Со овој резултат заврши последното коло од оваа полусезона.Следува мала пауза и припремање за втората полусезона, во која Пелистер ќе влезе многу посилен!



Source link

Share