Пелистер со победа се враќа од Неготино – ФК Пелистер Битола


Денеска се одигра 7. коло од ВМФЛ, каде нашиот Пелистер гостуваше кај незгодниот Вардар Неготино.Костов започна со најсилен состав, но нерамниот терен во Неготино не дозволуваше многу, па во првото полувреме се играше цврст фудбал, најчесто на средината од теренот со по неколку полу шанси на двете екипи.Пелистер иако се обидуваше да дојде до водство во првиот дел и тоа најчесто по левата страна, сепак до тоа не дојде иако имаше сомнителна ситуација за најстрога казна за Пелистер, но сепак судијата истата не ја досуди.Двете екипи на пауза заминаа со почетниот резултат 0-0.

Второто полувреме започна поинтензивно од наша страна, топката најчесто беше во противничкиот шеснаесетник.Пелистер не искористи неколку шанси кој што беа ветувачки на стартот на второто полувреме од кој еден беше слободен удар.Во 59 минута после една акција на пелистерци, топката дојде до Крстевски кој беше фаулиран на 17 метри од голот на Неготино, но Спиркоски биеше високо над голот.

После неколку шанси, во тек беше 80 минута каде што Христов ја искористи својата шанса и постигна гол за водство од 0-1 за голема радост на нашата екипа.

Со овој резултат заврши натпреварот од 7. коло и Пелистер се искачи на втората позиција каде сега има 16 поени, односно два бода помалку од првопласираната Беса.

Следен натпревар кој нашиот тим го игра на домашен терен против екипата на ФК Скопје на 08.10.2023.

Фудбалскиот клуб Пелистер им се заблагодарува и на најверните “Чкембари” за дадената поддршка денеска во Неготино.



Source link

Share