Пелистер загуби од Тиквеш во 1/8 финалето од купот на Македонија ! Фк Пелистер…


❌️ Пелистер загуби од Тиквеш во 1/8 финалето од купот на Македонија !

Фк Пелистер – Фк Тиквеш 0-1 (0-0)

⚠️ Пелистер уште еднаш одигра уште еден натпревар под нивото. Факт е дека вака организиран Пелистер, со ваков ростер и повеќе од солиден општински буџет, МОРА многу подобро. Пелистер лошата игра во првите 9 кола во 2МФЛ, ја ‘круниса’ со пораз во 1/8 финалето од купот на Македонија. Она што најмногу загрижува е не константноста во добрите игри на фудбалерите, односно нивните осцилации во играта, креирањето на ‘големи шанси’, а исто така неколкуте киксови на одбраната во досегашниот дел од сезоната. Во една таква панична одбрана, Стефановски сеуште не добива вистинска минутажа, а вреди да се спомени дека минатата сезона беше еден од столбовите во одбраната во тандем со Драгарски и Гроздановски и бележеше одлични партии, особено во првиот дел од сезоната.

📢 САКАМЕ ПРВА ЛИГА, ГО САКАМЕ ПЕЛИСТЕР ВО ПРВА ЛИГА !

УПРАВА?
СТРУЧЕН ШТАБ?
ИГРАЧИ?

ОДГОВОРНОСТ НЕКОЈ, НЕКОГАШ, ОСОБЕНО КАЈ УПРАВАТА?




Source

Share