Пелистерци не успеаа да се пласират во следната рунда од Купот на Р.Македонија – ФК Пелистер Битола


Денеска се одиграа натпреварите од втората рунда на Купот на Република Македонија, односно 1/8 финалето, во кое нашиот Пелистер за противник го имаше прволигашот Тиквеш од Кавадарци.

И покрај убавото и пријатно време, солиден тревник, нашите зелено бели не успеаа во намерата да го совладаат кавадаречки Тиквеш.Пелистер во првото полувреме имаше неколку добри шанси да го отвори резултатот, но за жал не успеаа во својата намера.Шансите се редеа кон двата шеснаесетници, но одбраната беше солидна и не дозволија погодоци, па затоа на пауза се замина со почетниот резултат 0-0.

Второто полувреме започна со тоа што Пелистер уште на стртот направи две измени со цел да ја задржи свежината на теренот.Се играше цврство на средината на теренот, и кога се чинеше дека натпреварот ќе оди на пенали во 86 минута од натпреварот после еден корнер на противничката екипа, во казнениот простор сам се најде Мојсов, кој погоди за конечни 0-1.

Со овој натпревар Пелистер го заврши своето учество во Купот на Р.Македонија.Следен натпревар нашите зелено бели го играат против екипата вна ФК Охрид на стадионот Биљанини извори на 29.10.2023 во 14 часот.



Source link

Share