Пелистерци рутински го победија Караорман – ФК Пелистер Битола


Денеска на стадионот Петар Милошевски се одигра 6. коло од ВМФЛ.Нашата екипа за противник го имаше тимот на Караорман од Струга.

Зелено-белите тргнаа фуриозно од првата минута, но по една грешка на срединатаво 6 минута од натпреварот Караорман погоди за водство од 0-1, што предизвика дополнителна мотивација за противникот.

Но, набргу стигна и одговор од Пелистер односно, после еден корнер на нашата екипа, најдобро во шеснаесетникот се снајде Христов Симеон и брзо резултатот беше израмнет на 1-1.

Избраниците на Костов воопшто не престанаа да напаѓаат, за во 38 минута од првото полувреме Пелистер да направи целосен пресврт на резултатот и да поведе со 2-1 преку капитенот Љамчевски кој што погоди од пенал.

Во второто полувреме, Пелистер константно го диктираше темпото на игра и константно напаѓаа кон противничкиот шеснаесетник.

Се редеа шансите пред голот на Караорман, па така после еден прекрасен центаршут на Љамчевски одлично го проигра Христов во шеснаесетерецот и постигна одличен погодок со глава во 56 минута.

До крајот на натпреварот нашиот тим доби уште еден пенал, после еден пробив на Сиљановски кој беше соборен, по што капитенот Љамчевски го запечати крајниот резултат на 4-1.

Следен натпревар кој Пелистер го игра е против екипата на



Source link

Share