Пелистерци во карантин, спремни за дербито со Кожуф. Изјави од капитенот и искусниот повратник Танушев. – ФК Пелистер Битола


Фудбалерите на Пелистер од денеска, се преселија во Гевгелија, каде што ќе имаат карантин пред натпреварот со екипата на ФК Кожуф.

Шефот на стручниот штаб Влатко Костов, ги има сите фудбалери на располагање, и дефинитивно ќе има слатки маки за почетниот состав за утрешниот натпревар.

Свои видувања околу утрешниот натпревар имаа капитенот Љамчевски и повратникот во зелено-белиот дрес Танушев.

Благоја Љамчевски:
Во Гевгелија одиме да се надигруваме и да дадеме максимум за да извлечеме позитивен резултат.
ФК Кожуф има доста квалитетен тим, со доста мотивирани фудбалери. Но, познати се нашите амбиции, и кога зборувам за позитивен резултат тоа значи дека сме насочени само на победа и три бода. Сигурен сум дека доколку одиграме онака како што се договоривме и доколку ѓи оствариме дадените инструкции од стручниот штаб, ќе се вратиме со победа од оваа тешко гостување.
Не е тајна дека работевме одлично изминатиот период и дека сме одлично подготвени за сите натпревари кои ни се пласирани во нашиот распоред до крајот на сезоната.

Ѓорѓи Танушев:
Пред сѐ, сакам јавно да им се заблагодарам на управата и на стручниот штаб за укажаната доверба. Ќе дадам максимум од себе, да ја оправдам довербата и професионално да одговорам на овие нови предизвици, кои претставуваат огромна чест за мене.
Во врска со утрешниот натпревар, подготвени сме да одиграме доста квалитетно на гостувањето со мотивираната и млада екипа на ФК Кожуф која во овој момент никако не е за потценување.
Работевме и се спремавме многу напорно последните две недели, и со максимален труд, добра дисциплина и добра тимска работа, ќе ги израдуваме нашите верни фанови и поддржувачи.



Source link

Share