Почитувани љубители на спортот и ракометот, верни навивачи Во пресрет на дене…


🟢⚪️ Почитувани љубители на спортот и ракометот, верни навивачи

Во пресрет на денешниот првенствен ракометен натпревар помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961, апелираме и Ве замолуваме сите кои ќе бидете денес во спортската сала Боро Чурлевски, со своето фер и коректно спортско навивање и бодрење на својот тим да придонесете натпреварот да се одигра во спортска и фер атмосфера и уште еднаш да докажеме дека нашата сала и нашиот град со право го носат епитетот ХРАМ НА РАКОМЕТОТ.
Во име на клубот, упатуваме апел и замолуваме да не се реагира недостојно на евентуални провокации (да се надеваме дека ќе ги нема) и однапред смислени можни сценарија. Како клуб ги превзедовме сите организациони мерки за квалитетно и непречено одигрување на натпреварот. Денес ние сите заедно (играчи, стручен штаб, управа и навивачи) на терен треба да покажеме кој е македонскиот ракометен шампион и која е најдобрата публика на светот. Затоа ајде сите заедно, спортски, фер и коректно да издвојуваме една голема победа на нашиот клуб.

РК Еурофарм Пелистер




Source

Share