Пораз за Пелистер во Гевгелија – ФК Пелистер Битола


Денеска се одигра петтото коло во ВМФЛ, каде нашите зелено-бели гостуваа во Гевгелија против екипата на Кожуф.

Покрај убавото и спарно време, за жал работите рано тргнаа по лошо за нашиот тим и раното водство на противникот ги поремети плановите на пелистерци.Офанзивата на нашиот тим после примените два погодоци, вроди со плод и доби најстрога казна која што капитенот Љамчевски успешно го реализираше за 2-1.

Второто полувреме започна со жестока игра и тотална офанзива на Пелистер, па затоа Спиркоски од 24 метри постигна прекрасен еврогол за 2-2.

За жал во продолжението од натпреварот, после една грешка на нашиот голман,противникот среќно постигна погодок со глава за конечни 3:2.

Иако Пелистер напаѓаше од сите страни за израмнување на резултатот за жал до тоа не дојде.

Следен натпревар е натпреварот од 1/16 финале бо Купот на Македонија против екипата на Влазерими 77.



Source link

Share