После речиси три децении, светото име Тиквеш повторно ги краси дресовите на најг…


После речиси три децении, светото име Тиквеш повторно ги краси дресовите на најголемите градски спортски колективи. Фудбалот, кошарката и ракометот се на градот, фудбалот, кошарката и ракометот се на Лозари. Она за што се боревме со години конечно е наше, а кога веќе е, да покажеме колку многу го сакаме и почитуваме. Како и секоја сезона, така и оваа, ја почнуваме нашата навивачка одисеја од источната трибина на градскиот стадион во Кавадарци. Со видно променет состав, но со стари амбиции, ФК Тиквеш во недела го пречекува тимот на Македонија Ѓорче Петров. Победничкиот старт е секогаш важен за самодоверба, па да им помогнеме заедно на нашите момци успешно да ја започнат новата сезона. Традиционално, првото навивање ќе ги збогати навивачките колекции на најсреќните Лозари кои ќе го добијат официјалниот дрес од минатогодишната сезона. Собирот е во недела, во 15 и 30 на паркот на револуцијата, а твоето присуство е дополнителна мотивација и енергија за сите оние на теренот и на трибината, затоа приклучи и се и ти на црвено-белата армија.

Биди дел од Лозари, биди дел од Тиквеш!




Source

Share