ПОВИК ДО СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ НА ЧКЕМБАРИ! -Среда 16:30ч. плоштад “Магнолија” | ЧКЕМБА…


ПОВИК ДО СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ НА ЧКЕМБАРИ!
-Среда 16:30ч. плоштад “Магнолија” | ЧКЕМБАРИ СЛАВАТ 38 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ☘👊🏻

Приказната за формирањето на најстарата навивачка група во Македонија веќе сите добро ја знаат.
Утакмицата со Партизан Бјеловар далечната 1985 година значи почеток на една навивачка ера која ќе остави длабока трага во многу сфери на општеството.

Повторно и денес нашиот ПЕЛИСТЕР е на врвот на ракометот, овај роденден ќе го прославиме на утакмицата од Лигата на Шампиони во Битола со Кил.

Собирот, а воедно и прославата започнува во Среда 16:30ч. на плоштадот “Магнолија”, од таму после многу забава, песни, пиротехника и ладно пиво со големо кортео се упатуваме кон салата, на собирот ќе можат да се купат и карти по намалена роденденска цена, со кои ќе можи да се влези единствено со кортеото од посебен влез наменет за навивачката група.

Да уживаме во втората епизода од врвен ракомет во нашиот град, гласно да згрмиме за нашата чест, за сите сеќавања, стекнати другарства, фамилии и многу многу спомени…
ЗА НАШЕТО СВЕТО ИМЕ ЧКЕМБАРИ☘

СИТЕ НА ПРОСЛАВА, ДА СЕ ТРЕСИ БИТОЛА⚡👊🏻☘




Source

Share