Прва лига 2022/23 Плеј-оф (финале) – трет натпревар КК Пелистер – МЗТ Скопје Ае…


Прва лига 2022/23
Плеј-оф (финале) – трет натпревар

КК Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром 83-92 (0-3)

Оваа натпреварувачка сезона, 2022/23 заврши со вицешампионска титула за кошаркарите на Пелистер. На првакот
МЗТ Скопје Аеродром му беа потребни три натпревари за освојување на нов шампионски трофеј. Притисокот да се игра можеби решавачки натпревар на гостински терен си го направи своето, па така и на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром им требаше речиси еден период игра на паркетот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола за да фатат правилен ритам. Ритам кој по истекот на четириесеттата минута им ја донесе титулата со двоцифрен број во клупските витрини.

Сепак, во третиот период се разигра Војдан Стојановски и кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа со 83-92 (24-21, 15-20, 18-27, 26-24).

Најкорисниот играч на финалната серија во плеј-офот, Војдан Стојановски, го заврши овој натпревар со 33 поени и седум скока. Двоцифрени во шампионскиот состав беа и Вер со 16 и Абу со 12 поени. За домашниот состав тоа беа Карутерс со 18 поени, Маслинко со 15 поени, Хаџифејзовиќ со 12 и Караџовски со 10 поени.







Source

Share