РК Еурофарм Пелистер 2 продолжува со екипирање за сезоната 2023/24. Нов член на…


‼️🔥🟢⚪️✍️ РК Еурофарм Пелистер 2 продолжува со екипирање за сезоната 2023/24. Нов член на нашиот клуб е кадетскиот репрезентативец Мирче Калајџиески. Се работи за 19-годишен среден бек, роден во Струга, кој во Еурофарм Пелистер 2 доаѓа од словенечкиот клуб Слован Гросист.

Се работи за момче со огромен простор за напредок, висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми. Со неговото доаѓање продолжува составувањето на компетивен млад тим, кој ќе има што да каже во Суперлига. Мирче Калајџиески потпиша договор на четири години со нашиот клуб.




Source

Share