Само бод во Битола против ФК Скопје – ФК Пелистер Битола


Денеска се одигра 8. коло од втората машка фудбалска лига, каде нашиот тим играше на домашен терен против екипата на ФК Скопје.На убаво сончево време и прекрасен терен започна првото полувреме со офанзивен фудбал од наша страна, Пелистер имаше шанси од кои 3 беа стопостотни на Христов, но за жал топката не ја помина гол линијата на противникот.Зелено белите беа константно на противничката страна, го имаа поседот на топката, шансите, но на пауза се замина со првичниот резултат 0-0.

Второто полувреме исто така започна со целосна иницијатива на Пелистер и опсада кон голот на Скопје.Симеон Христов имаше уште 4-5 стопостотни шанси, но за жал не успеа да ја вметне топката во голот на Скопје.Исто така важно да се напомене дека на Пелистер му беше поништен гол, и не им беа досудени два чисти пенали што секако имаше дејство врз резултатот на овој натпревар.

Следен натпревар кој Пелистер го игра е против екипата на Арсими на 21.10.2023 во 14:00 часот на гостински терен.

Останати резултати од 8.коло на ВМФЛ

Пелистер 0-0 Скопје

Победа 2-0 Детонит Плачковица

Беса 4-1 Вардар Неготино

Башкими 2-0 Кожуф

Тетекс 1-1 Караорман

Охрид 1-0 Арсими



Source link

Share