Шундовски: Ќе играме против секој ривал на победа, нема да се предадеме (ВИДЕО)


Ракометарите на Еурофарм Пелистер се во Маврово, каде ја одработуваат најтешката фаза од подготовките за новата сезона. Стручниот тим-менаџерот на битолчани, Звонко Шундовски, верува дека ракометарите ќе се подготват добор за сите предизвици што ги чекаат во новата сезона.

За подготовките:
Ова е период во кој што треба да ги „наполнеме нашите батерии“. Период каде што капацитетот на плуќата мора да достигне максимум. Припремиете се тешки, но не можам јас да кажам дали се најтешки. Имаме програма од која што се бара многу од ракометарите, но се надеваме дека истата ќе резултира со континуитет на добра физичка подготвеност на ракометарите.

За турнирските натпревари:
Играме контролни натпревари со реномирани противници. На истите ќе може да видеме до каде се нашите можности и потоа ќе знаеме како да реагираме. Сепак, морам да напоменам дека имам верба во оваа екипа и мислам дека е кадарна да се носи со секој предизвик, односно секој противник.

За засилувањата:
Сите играчи кои ги донесовме досега се со висок потенцијал и голем квалитет. Имаат искуство во Лигата на шампионите, кое ќе биде добредојдено во ова наша генерално млада екипа да ја водат низ тие тешки натпревари и се надеваме дека ќе дадат дополнително искуство во ова натпреварување.

Со Гедбан очекуваме стабилизација на голманската позиција. Факт е дека ни требаа тројца врвни голмани кои ќе ги носат тие натпревари блиску до егал резутлат. Во секој селучај се работи за трио на доста квалитетни голмани, кои се млади, но и искусни.

За очекувањата од Лигата на шампионите:
Нашите очекувања се високи. Нема да се предадеме. Создадовме еден респектабилен тим, кој ќе може да се носи во Лигата на шампионите. А, доколку ни се пружи шанса за победа, сигурно дека нема да ја испуштиме. На секој натпревар ќе одиме на победа, особено на тие пред битолската публика.





Source link

Share