Со огромна чест и задоволство ја пртставуваме нашата нова соработка со клиниката…


Со огромна чест и задоволство ја пртставуваме нашата нова соработка со клиниката ORTHOSPORT од Бања Лука.

Професор д-р Александар Јаковљевиќ заедно со својот тим на стручни медицнски лица ќе се грижи за превенција и рехабилитација при несакана повреда кај нашите ракометари.

ORTHOSPORT е уникатна институција и единствена од овој тип на балканот, која расте и се развива од 2010 година.

Посебен фокус на тимот на ORTHOSPORT е работа со спортисти во кој е вклучено спортско тестирање, подготовки и опоравување по спортски натпревари, третман на повреди или болки предизвикани од синдром на прекумерен напор.

Во просториите на ORTHOSPORT до сега биле третирани и опоравени рекреативци, професионални спортисти, како и освојувачи на олимписки, светски и европски медали. Некои од нив дури и им ги посветија медалите.

Низ годините наназад, низ рацете на проф. Д-р Александар Јаковљевиќ и неговиот тим од клиниката ORTHOSPORT поминаа и дел од нашите играчи, Страхиња Симиќ, Јане Јанчев, Никола Стефановиќ, а во текот на месец јули беше и нашиот млад кавадарчанец и повратникот во екипата на ГРК ТИКВЕШ , Давид Иванов.

POČETNA

Orthosport BL







Source

Share