Срамно судење на Младеновски во Битола – ФК Пелистер Битола


Денеска на стадионот Петар Милошевски се одигра дербито од 11 коло во ВМФЛ помеѓу нашиот Пелистер и екипата на Беса.

Натпреварот започна не така добро за пелистерци, бидејќи уште во првата четвртина од првото полувреме гостинската екипа постигна непостоечки погодок бидејќи противничките играчи беа во офсајд позиција, но главниот судија досуди гол за Беса.

После погодокот, пелистерци се разиграа, се створија шанси, акции но за жал без успех.Второто полувреме започна динамично од страна на Пелистер, додека пак гостите чекаа на контра шанси.Поседот на топката беше за Пелистер, но головите изостанаа и покрај неколкуте не искористени шанси.

После една контра шанса на гостите, голманот Петровски интервенираше не сигурно и гостите од одбиена топка дојдоја до водство од 0-2.

Пред крајот на натпреварот односно 88 минута после една акција од левата страна на Трајковски кој што одлично центрираше во шеснаесетникот, каде на правото место се најде Христов и постигна погодок со глава за конечни 1-2. Вреди да се напомени дека судијата Марјан Младеновски и неговите помошници директно влијаеја во конечниот резултат.

До крајот на натпреварот Пелистер имаше уште две стопостотни шанси за израмнување на резултатот, но со некои одлуки на судијата и недосуден пенал за Пелистер, резултатот остана 1-2.

Следен натпревар кој Пелистер го игра е против екипата на Тетекс на гостински терен.Натпреварот се игра на 12.11.2023 во 13:00 часот.



Source link

Share