Тешка ноќ за полицијата во Истанбул: Повеќе фанови на Баерн повредени – SPORTCLUB.mk


Најмалку петмина навивачи на Баерн Минхен се повредени откако се конфронтирале со фанови на Галатасарај.

Медиумите во Турција јавија дека петмина се повредени, но дека не исклучуваат можност за уште повредени доцна во ноќта.

Домашните фанови на Галатасарај се познати по честите судири со гостински навивачи, а овој пат ескалираше ситуацијата со навивачите кои пристигнаа од Минхен и Европа да го следат Баерн Минхен.

Во целата мешаница, користени се тврди предмети, ножеви, па дури и фрлање на столчиња, со што се повредени неколку глави на навивачите.

Галатасарај има добра ситуација во групата, па доколку и вечерва направат добар резултат, ќе се слави долго во ноќта низ улиците на Истанбул.





Source link

Share