(ВИДЕО + ФОТО) Пелистер покажа кој е кој во Битола! – ФК Пелистер Битола


Денеска на стадионот Петар Милошевски се одигра натпреварот од 13. коло од ВМФЛ помеѓу екипите на ФК Пелистер и ФК Башкими од Куманово.

Временските услови пред и во текот на овој натпревар беа многу тешки, целиот терен беше преплавен со вода, но натпреварот се одигра и покрај тие услови,но и покрај тоа пелистерци започнаа офанзивно уште од првата минута, го оджуваа темпото, ја имаа играта во свои нозе скоро цел натпревар и не му дозволија на противникот да покаже нешто на теренот.Првото полувреме донесе исто така два црвени картони од кои едниот беше за гостите поради прекршок во кој беше фаулиран Христов, а другиот беше за нашиот голман Јовчевски кој сакајќи да ја прекине акцијата на противникот со лизгачки старт го фаулираше противникот и автоматски беше исклучен од игра.

Уште во 4 минута од лева страна проби Трајковски и упати добар центар шут во шеснаесетникот на Башкими, каде на вистинското место се најде Спиркоски кој го отвори резултатот.Натпреварот се потешко и потешко се одвиваше поради поројните дождови во Битола, но битолчани сакаа да си ја завршат што порано својата задача па затоа пред крајот на полувремето, односно во 39 минута со глава погоди Христов и на пауза се замина со резултат од 2-0 за Пелистер.

Второто полувреме веќе беше невозможно да се игра норамален фудбал под Тумбе Кафе, се правеа грешки на двете страни, топката тешко се движеше по теренот, а тоа ствараше нервоза кај двете екипи.Гостите пробуваа да го загрозат нашиот гол со неколку шанси створени во шеснаесетникот, но Петровски беше на висина на задачатата и недозволи изненадување.За нештата да станат појасни Пелистер постигна уште два погодоци во противничката мрежа од кои едниот гол беше дело на нововлезениот Јошескиво 65 минута, а последниот гол беше пенал кој го реализира Размоски Дарко во 92 минута од натпреварот.

Click here to display content from YouTube.
Learn more in YouTube’s privacy policy.



Source link

Share