3/3 за Пелистер- победа и во Македонска Каменица – ФК Пелистер Битола


Избраниците на Костов, денеска доминираа во Македонска Каменица, против екипата на Саса.

Почетокот на натпреварот доцнеше 15-тина минути, но тоа не претставуваше никаков проблем за битолските зелено-бели.

Натпреварот почна очекувано до наша иницијатива која вроди со плод уште во првото полувреме со погодок на Талевски Михаил.Можеше да биди и поубедливо прво полувреме, но за жал некои шанси не беа правилно искористени, па затоа на пауза се отиде со гол позитива.

Второто полувреме започна со повторна иницијатива на нашите фудбалери, се редеа шансите пред голот на противникот.После еден прекин од 25метри, специјалистот за слободни удари Љамчевски Благоја постигна евро гол за паметење за 2-0. До крајот на натпреварот во листата на стрелци де запиша повторно Талевски Михаил за конечни 3-0.

Фудбалскиот клуб Пелистер им се заблагодарува на најверните навивачи Чкембари за поддршката денеска во Македонска Каменица.

Следен натпревар Пелистер го игра против Детонит Плачковица на 03.09.2023



Source link

Share