3 од 3 за Пелистер на стартот на подготовките – ФК Пелистер Битола


Екипата на Фк Пелистер овај период работи во полн ек, припремите за новата сезона се движат во посакуван правец.Новиот стратег Влатко Костов ги има сите играчи на располагање, што во секој случај го олеснува работењето за новата сезона.

Досега зелено-белите одиграа три (3) натпревари, и тоа сите на стадионот “Петар Милошевски”- во Битола.

Првиот подготвителен натпревар избраниците на Костов го одиграа против вториот битолски состав кој што ќе настапува во ВМФЛ, а тоа е ФК Новаци.

Овој натпревар нашиот тим го добија со 3-0, а тука двоен стрелец беше Здравевски во 55′ и 65′, додека во 63′ од пенал погоди искусниот Маневски.

Втор натпревар кој нашиот клуб кој го одигра во овој подготвителен период беше против екипата на Каменица САСА.Резултатот на овој натпревар заврши со конечни 2-0 за Пелистер, на овој натпревар двоен стрелец беше Спиркоски во 11′ и 20′.

Денес пелистерци го одиграа и својот трет натпревар против екипата на Вардар Неготино, и исто така го добија овој натпревар со конечен резултат 2-1, а стрелци за нашиот клуб беа ,Размоски во 65′ и Талевски во 88′.

ФК Пелистер продолжува и понатаму со подготовките, ќе се одиграат уште 2-3 подготвителни утакмици.Следен меч е во Охрид против истоимениот противник на 26 јули.



Source link

Share