ЕВРОТИП е нов спонзор на ФК Пелистер – ФК Пелистер Битола


Фудбалскиот клуб Пелистер ја известува целокупната јавност дека клубот има официјален нов спонзор во името на ЕВРОТИП.

Процесот кој клубот го зацрта по преземањето на актуелната структура се развива според однапред зацртаните планови и процеси. Наспроти приотизирање на резултатските цели, клубот континуирано работи на конструирање на иднината, модернизирање и засилување на клупската школа и инфраструктурата, како и реализирање на проекти во спонзорскиот и маркетиншки сектор.

Задоволство ни е да го официјализираме нашиот нов спортски пријател и спонзор на клубот, спортските обложувалници Евротип. Евротип важи за компанија која е позната по инвестирање во спортот, и веруваме дека заедно ќе ги оствариме сите амбиции и очекувања на ФК Пелистер во наредниот период.

Нивното место во нашиот тим на спонзори има посебен значај за нашиот клуб, и задоволство ни е што лидерот на спортското обложување го препозна нашиот проект и ќе го краси нашиот дрес и стадион во периодот кој следува. Ова е почеток на еден нов процес, во кој ФК Пелистер ќе го трасира патот кон врвот на македонскиот фудбал.



Source link

Share