ФК Пелистер е нов прволигаш!!! – ФК Пелистер Битола


Денеска се одигра 28.коло од ВМФЛ, каде нашите “Зелено Бели” гостуваа во Куманово кај екипата на ФК Башкими.Битолчани максимално мотивирани влегоа во натпреварот со оглед на тоа дека само бод им беше доволен за заверка на Прва лига.

Првото полувреме донесе многу акција, односно домаќинот со гол во првите минути, донесе водство од 1-0, но тоа не ги онерасположи нашите момци, па за тоа се погрижија Михаил Талевски за израмнување на 1-1, а пред крајот на полувремето капитенот Љамчевски Благоја да го донесе комплетен пресврт и водство од 1-2.

Со овој погодок Пелистер го затвори приодот кон својот гол и смирено го затвори натпреварот со конечни 1-2.

Со оваа победа Пелистер станува нов прволигаш, за голема радост на битолчани,ЧКЕМБАРИ, и сите љубители на овој клуб.

Следен натпревар кој Пелистер го игра е пелагониското дерби против Фк Победа на 11.05.2024.



Source link

Share