Императив победа против Беса – ФК Пелистер Битола


Утре се игра 11. коло од ВМФЛ.Нашиот Пелистер ќе се сретне со екипата на ФК Беса во натпревар за првото место на табелата.

Костов има некои мали проблеми околу ростерот, со оглед на тоа што до крајот на полусезоната нема да може да смета на Пановски Борјан поради повреда со коленото, под знак прашалник е и капитенот Благоја Љамчевски, но со надеж дека ќе може да настапи денеска.Но голема помош за Костов е тоа што Стојановски се враќа во стројот после повредата на предната ложа и се очекува да биде во конкуренција.

Ова е трет меѓусебен натпревар помеѓу овие две екипи и вреди да се напомене дека на последните два натпревари Пелистер има позитивен скор од една победа во гости и одиграа нерешено во Битола.

ФФМ за овој натпревар го делегираше Младеновски Марјан за главен судија, додека помошници ќе му бидат Путилин Бранко и Василевски Даниел од Скопје, додека пак четврт судија ќе биде Ќерими Бењамин исто од Скопје.

ФК Пелистер ги повикува сите љубители на фудбалот во Битола да бидат присутни во Сабота на стадионот Петар Милошевски, и со тоа да ни дадат дополнителен ветер во грб, за да дојдеме до посакуваната победа.



Source link

Share