Мбапе го тролаше Дембеле во живо пред камерите: Се радуваше на поништен гол……. (Видео)


Усман Дембеле пристигна во ПСЖ како огромно засилување од Барселона и експресно се претвори во незаменлив стартер во тимот на Луис Енрике, но Шпанецот веќе во неколку наврати мораше да ги објаснува скромните партии на крилото.

Дембеле има доста технички грешки на натпреварите за ПСЖ и неговите потези предизвикуваат измешани реакции во јавноста, а иако вчера се чинеше дека го скрши мразот и постигна гол, истиот беше поништен од судијата.

Усман со многу емоции го славеше голот, но набрзо доби разочарување од судиите кои го поништија голот поради прекршок, за на крајот да го трпи и сеирот од својот соиграч.

Килијан Мбапе му се потсмеваше на Усман во живо пред телевизиската камера на „Канал плус“, јасно нагласувајќи му дека не требал да го прави тоа ако се сомневал во регуларноста на голот.

– Зошто славеше ако не беше сигурен? Ако ништо друго, прослави со фановите и со нас……, – гласи пораката на Мбапе.





Source link

Share