Младите на Пелистер перфектни против Тетекс – ФК Пелистер Битола


Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 3. коло од младинските супер лиги ширум Македонија.Нашите млади генерации ова коло играа против своите врсници од екипата на тетовски Тетекс.Уште еден перфектен викенд останува зад нас, односно сите генерации на Пелистер издвојуваа победи во своите натпревари.

Први на сцена стапија кадетите, кој што на домашен терен во саботата беа сигурни со 2-0.Головите за екипата на Пелистер ги постигнаа Давид Ангелевски кој својот погодок го постигна уште во раната фаза од првото полувреме односно во 10 минута, додека пак конечните 2-0 ги постави Никола Тасевски во 38 минута.

Втората генерација која што излезе на терен беа младинците на Пелистер, кој што исто така беа сигурни на домашен терен со конечни 2-1.Еден од најголемите надежи во школата на Пелистер, односно Стефан Спировски го постигна првиот погодок во 55 минута, додека клуч на овој натпревар стави Иванчо Јовановски во 70 мин. Вреди да се напомени дека до овај резултат играчите на Пелистер стигнаа преку целосен пресврт на резултатот после првичната негатива од 0-1.

Денеска на теренот со вештачка трева во Тетово, своите натпревари ги одиграа и пионерите и помладите пионери.Особено вреди да се споменат помладите пионери кој што буквално ги декласираа своите врсници со високи 1-8 .На овој натпревар својот прв хет-трик оваа сезона го постигна Мартин Талевски кој што погоди во 8 , 29, и 55 минута.Останатите голови ги постигнаа Осман Хасановиќ ( 24, 75 минута ), Јаков Пресилски во 29 минута и Петар Трајчевски во 60 и 65 минута од натпреварот.

Додека пак бранителите на трофејот односно пионерите броеа до 4 на гостински терен, односно го завршија својот натпревар со прекрасни 2-4.Головите за нашиот тим ги постигнаа: Христијан Јовановски во 16 минута, Алек Сиваков во 60 и 78 минута и Лука Лисолајски во 66 минута.

Фудбалскиот клуб Пелистер им ги честита победите на сите генерации, и му посакува уште многу вакви резултати.



Source link

Share