Надежите перфектни против врсниците од ФК Победа – ФК Пелистер Битола


Изминатиот викенд започнаа првенствата во сите младински лиги.Нашите младински екипи забележаа 3 победи и еден нерешен резултат против своите врсници од екипата на ФК Победа.

На 02.09.2023 т.е во саботата се одиграа два натпревари во Битола на стадионот со вештачка трева “Павел Шатев”.Први на сцена стапија кадетите на ФК Пелистер кои одиграа нерешено, во натпревар со вкупно 6 погодоци.За жал ни двата погодоци на Лисолајски не беа доволни за победа на првиот натпревар на кадетите.Третиот гол за нашиот тим го постигна Стојановски.

Додека пак два часа подоцна на терен излегоа младинците на Пелистер и Победа, но тука противникот немаше што да бара од овој натпревар, односно нашите младинци беа супериорни во пелагониското дерби.Со конечни 3-0 заврши овој натпревар, а стрелци за нашиот тим беа :Христовски, Каревски и Спировски.

Ден подоцна, односно во неделата на стадионот со вештачка трева во Прилеп, на сцена настапија нашите помлади пионери и пионери.Помладите пионери ја заверија својата прва победа и тоа на гостински терен.Тие беа подобри од своите врсници од ФК Победа со 1-2, а двоен стрелец за нашиот тим беше Петар Трајчевски.

Додека пак бранителите на шампионската титула, односно нашите пионери беа исто така супериорни против Победа.Со победа од 0-3 ја заверија својата прва победа и го продолжија патот од каде што застанаа прошлата сезона.Стрелци за нашиот тим беа : Јовановски, Сиваков и Иванов.



Source link

Share